Уапсена градоначалничка во Турција, опозицијата обвинува дека продолжува политичкиот прогон
Турската полиција ја приведе градоначалничката на Ускудар, Синем Дедеташ, која раководи со една од најголемите општини во Истанбул, поради сомневања за измама и за поткуп, објави „Туркије“.
Надлежните истражуваат наводи поврзани со Дедеташ и со пет други луѓе, меѓу кои и заменик-градоначалникот и раководители во општинската компанија „Кент А.С.“, поради сомневања за нерегуларности во постапките за издавање градежни дозволи.
Јавното обвинителство соопшти дека „Кент А.С.“, компанија во сопственост на општината Ускудар, имала клучна улога во координирањето на постапките за издавање дозволи, иако немала официјални законски овластувања за тоа.
Според истрагата, вработени во компанијата наводно користеле шифрирана внатрешна електронска мрежа и табели за следење парцели за да ги насочуваат општинските службеници и практично да управуваат со барањата за градежни дозволи.
Обвинителството тврди дека „Кент А.С.“ склучила повеќе договори за консултантски услуги со градежни компании во вредност од околу 18 милиони евра.
Истражителите велат дека 6.6 милиони евра од тие средства биле добиени од инвеститори кои барале градежни дозволи, повикувајќи се на пријави од наводни жртви.
Се прошируваат истрагите за корупција во општините
Дедеташ е градоначалничка на Ускудар од април 2024 година, откако победи на локалните избори како кандидатка на главната турска опозициска Републиканска народна партија.
Таа стана првата жена градоначалник на овој округ.
Истрагата е последна во низата случаи за корупција што ги опфаќаат општините низ Турција.
Од 2025 година, обвинителствата отворија истраги против повеќе локални власти, меѓу кои и Истанбулската градска управа.
Случаите резултираа со бројни приведувања поради сомневања за поткуп, местење тендери, организиран криминал, перење пари и за злоупотреба на службената положба.
Апсењата се дел од поширока кампања што критичарите ја гледаат како обид на властите да го ослабат влијанието на Републиканската народна партија.
Опозицијата ги отфрла сите обвиненија од 2024 година наваму, оценувајќи ги истрагите како политички мотивирани.
Од владата, пак, инсистираат дека судството е независно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција издаде меѓународна потерница за Нетанјаху
Турција издаде меѓународна потерница за израелскиот премиер…
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…
Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…