Уапсена дилерка во Скопје

t

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил објави дека е уапсена дилерка на дрога откако во нејзиниот дом е пронајдена поголема количина дрога.

„По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје. При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари.

Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје. Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка и е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје“, напиша Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…