Објавено на:

УАПСЕНА МАЛОЛЕТНИЧКА: Се заканувала и го поддржувала УБИЕЦОТ од Белград – и нашле и КУРШУМ

t

Новосадската полиција уапсила девојче (14) од околината на овој град поради сомнение дека им се заканувала на учениците од основно училиште и на социјалните мрежи давала поддршка за момчето (13), осомничено за масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Има сомнеж дека им се заканувала на учениците на час и му давала поддршка на социјална мрежа на осомничениот за убиството во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, се вели во соопштението на полицијата.

При претрес на станот во кој живее, полицијата во нејзината соба пронашла куршум од непознат калибар.

„Со кривична пријава, малолетничката е изведена пред надлежниот судија на Вишиот суд во Нови Сад, кој по рочиштето и одреди мерка притвор до 30 дена. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава за кривичните дела за загрозување на безбедноста, предизвикување паника и неред и недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…