Уапсена мајка осомничена за убиство на едногодишната ќерка во Нови Сад, приведен и таткото
Полицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната А.Ш., осомничена дека со повеќе удари во телото ја усмртила својата едногодишна ќерка. Приведен е и таткото на детето, осомничен за непружање помош. На двајцата им е одредено задржување до 48 часа.
Според соопштението на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, настанот се случил на 2 ноември 2026 година, во вечерните часови. Осомничената А.Ш., родена во 1993 година, на својата малолетна ќерка М.Ш., родена во 2025 година, ѝ нанела повеќе удари во пределот на телото, од кои детето починало.
Дежурен јавен обвинител излегол на местото на настанот, извршил увид и ѝ наложил на полицијата да ги обезбеди сите материјални докази и траги, кои ќе бидат предмет на понатамошни вештачења и анализи.
По преземените истражни дејствија, мајката е уапсена под сомнение за кривично дело тешко убиство. За ова дело, според Кривичниот законик на Србија, е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Во врска со случајот е уапсен и 54-годишниот татко на детето, Т.Ш., кој се сомничи за кривично дело непружање помош. За ова дело е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.
Од обвинителството информираат дека двајцата осомничени во законскиот рок ќе бидат изведени пред надлежниот обвинител и сослушани за делата што им се ставаат на товар.
Во текот на истрагата ќе бидат преземени сите потребни доказни дејствија, по што обвинителството ќе донесе соодветна и законска одлука. Од институцијата најавуваат дека јавноста навремено ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на средба и со Варнс:Се унапредува…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…
Родителите на загинатите во Пулс: Не бараме…
На денешното рочиште, од седум најавени сведоци…
Америка објави „докази“ за постоењето на митското…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…
Трамп го смени шефот за сајбер-безбедност по…
Директорот за национална сајбер-безбедност на Белата куќа,…
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…