Уапсени двајца македонски државјани на границата со Грција

t

Двајца државјани на Македонија биле уапсени во Грција, а потоа исите се и осудени на затворска казна, откако грчката полиција минатата недела, при претрес на граничниот премин Дојран, пронашла 599 фалсификувани бланко документи.

Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле вкупно 440 бланко документи кои биле скриени. Од 440 пронајдени примероци имало лични карти, возачки дозволи, дозволи за престој од разни европски земји, а истите биле веднаш одземени. При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле конфискувани.

Тамошниот Прекршочен суд ги прогласидвајцата за виновни, а истите се осудени на затворска казна од пет години. Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштете не откриле детали за нивните активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…

Авион на линијата Тел Авив – Виена…

Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…

Денес се празнува Светиот апостол Тома

Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот…