Уапсени две лица со потекло од Македонија: Србинка паднала од мост во Швајцарија

t

Србинка (24) успеала да преживее пад од височина од 30 метри откако под неразјаснети околности паднала од мост по сообраќајна несреќа во Швајцарија.

Уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија, кои биле во сино „БМВ“ со девојката од Србија.

Србинката се здобила со тешки повреди и се наоѓа во болница. Несреќата се случила во четвртокот вечерта, кога „БМВ“ во кое имало три лица од Балканот удрило во заштитната ограда на мост.

Очевидец за швајцарските медиуми изјавил дека по несреќата ја видел Србинка како стои на мостот.

“Ја видов како стои, се чинеше дека не е повредена. Не видов крв, немаше ништо”, рекол тој.

Очевидецот потоа додал дека кога поминал покрај автомобилот не видел дека во него има двајца државјани на Македонија.

„Мислев дека е млада жена која го уништи автомобилот на нејзиниот татко. Таа ги имаше рацете зад главата, беше шокирана, не видов дека е повредена“, рече тој.

После тоа полицијата соопшти дека Србинката паднала од мостот од висина од 30 метри.

Она што останува мистерија во целата приказна е каква е врската меѓу двајцата уапсени државјани на Македонија и падот на младата Србинка.

Повеќе детали ќе бидат познати кога ќе заврши истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Преподобниот маченик Дометиј

Роден е во Персија како незнабожец, во…

Пеколни горештини со температури до 40 степени…

Сончево и многу топло со мала до…

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…