Уапсени мајка и ќерка: Се заканувале на вработени во ЦСР откако ќерката била повикана поради семејно насилство
На 12.08.2026 во 11:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Н.(63) и С.Н.(32), двете од Тетово.
-Според пријавеното, С.Н. била повикана во Центарот за социјални работи Тетово во врска со претходно пријавено семејно насилство и во 11.15 часот отишла заедно со нејзината мајка М.Н. и веднаш започнале агресивно да се однесуваат кон две вработени, им се заканувале и се обиделе физички да ги нападнат, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…