Уапсени повеќе лица, кај нив пронајдена дрога
„Вчера во 20:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.М.(24) и К.Т.(24) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Исто така вчера во 20:15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ.(24) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Денеска (09.03.) во 01:45 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е В.Б.(28) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја.
Вчера во 22:10 часот на улицата „Кеј Први Мај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.З.(33) од Прилеп бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена прашкаста и растителна материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 08.03.2025 година во 20:50 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(27) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена растителна материја како и метална дробилка во внатрешноста исполнета со растителна материја. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…
ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…