Објавено на:

Уапсени седум Албанки во акциска контрола во угостителски објекти во тетовско и гостиварско

t

Ноќеска во време од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во с.Желино, сопственост на J.Ф.(47) од село Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој.

При контролата во објектот, затекнати биле пет државјанки на Р.Албанија, на возраст од 24 до 50 години.

Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во село Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б.(50) од село Дoбридол, затекнати се две државјанки на Р.Албанија, на возраст од 33 и 36 години.

Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…