Уапсени тројца крадци, ограбиле куќа во Гостивар
Од МВР информираат дека е расчистена тешка кражба во Гостивар, при што се приведени три лица, а пронајдени се и украдени пари и злато.
-На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. Подоцна, од слобода била лишена и Н.И. (24) од Тетово.
Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот.
Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Наместо пари, тутунарите добија извинување: Исплатата на…
Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот…
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…
Осуден е лажен лекар од Охрид кој…
Пет и пол години затвор доби измамникот…