Објавено на:

Уапсени 13 лица, одземени дрога и оружје – Task Force на МВР викендов „тресел“ објекти, возила и лица

t

Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на викендот биле реализирани засилени координирани акции на територијата на целата држава, информираат од МВР.

Во рамки на акцијата биле извршени 13 претреси, 197 прегледи на возила и 295 прегледи на лица, при што од слобода биле лишени 13 лица.

Притоа, пронајдени и одземени биле 79 пакувања со наркотични материи, како и пиштол „Глок 17“ со муниција.

„Министерството за внатрешни работи продолжува со силни, координирани и континуирани активности во борбата против недозволената трговија со дрога, со цел откривање на сторителите, разбивање на криминалните мрежи и заштита на безбедноста на граѓаните“, порачаа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…