Уапсен белгиски полицаец под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

t

Припадник на белгиската полиција е уапсен под сомнеж дека шпионирал во полза на Кина и Русија.

Според белгискиот јавен радиодифузен сервис РТБФ, во тек е истрага за да се утврди дали осомничениот свесно пренел „чувствителни информации на Кина, Русија или на двете земји“.

Во рамки на истрагата извршен е и претрес на домот на уапсениот, кој бил ангажиран во полициската управа на Брисел.

Според медиумските извештаите, покрај истражната постапка против полицаецот покрената од страна на Федералното јавно обвинителство, против него се води и внатрешна полициска истрага.

Бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на извори во Обвинителството, уште минатата недела објави дека бил приведен припадник на белгиската безбедносна служба под сомнеж за шпионажа. Тој бил сослушан, по што бил пуштен да се брани од слобода под строги безбедносни мерки.

Засега нема информации дали станува збор за истото лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новогодишна магија во Крива Паланка, плоштадот блесна…

Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија…

Магаре добило сертификат за медицинска сестра во…

Полицијата во индиската држава Мадја Прадеш започнала…

Шестчасовен прекин на струјата денес во тунелот…

Тунелот Катланово денес ќе остане без електрично…

Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…

Целосното и навремено членство на земјите од…

15-годишно момче ја нападнало сопствената мајка во…

Момче на возраст од само 15 години…