УАПСЕН ВРАБОТЕН ВО ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА: Барал поткуп за да издаде документ!
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ф., вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од КЗ, кој побарал и примил 2.000 денари од лице за да му издаде документ за привремен престој, иако претходно лицето редовно си ги платило сите потребни издатоци за да му биде издаден документот.
По добивањето на пријавата, преземени се соодветни мерки и активности и И.Ф. на 30.11.2023 е лишен од слобода, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поднесен и предлог за дисциплинска постапка и отстаранување од работното место до нејзиното завршување, се вели во соопштението од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…