Објавено на:

Уапсен вујкото на монструмот што уби осум луѓе во Младеновац

t

Вишото јавно обвинителство Смедерево соопшти дека на 24 мај по негова наредба е уапсен и задржан 48 часовен притвор Г. Г. (1974) од Крагуевац, вујко на обвинетиот Урош Блажиќ, против кого се води постапка за осумкратно убиство ноќта меѓу 4 и 5 мај во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубон во околината на Младеновац.

Неговиот вујко е уапсен по заедничка работа на повисоките јавни обвинителства во Смедерево и Белград и Службата за борба против организиран криминал на Управата за криминалистичка полиција на српското МВР , со цел да се утврдат и расветлат сите околности поврзани со потеклото на оружје со кое обвинетиот Урош Блажиќ извршил кривични дела кои му се ставаат на товар.

Осомничениот Г. Г. е обвинет за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, а ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство Смедерево.

Потсетуваме, Урош Блажиќ го призна убиството и изјави дека тоа го направил на три локации во месноста Смедерево и Младеновац, пукајќи од автоматска пушка и пиштол, со намера да го исплаши населението на тие места. Убил осум лица, а тешко и полесно повредил 14. Блажиќ е обвинет за сторени дури пет кривични дела: тешко убиство, недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, киднапирање и неовластено користење туѓо возило. ВЈТ Смедерево врши низа вештачења, сослушува сведоци и сите кои имаат сознанија поврзани со овој трагичен настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Осуден за “Монструм” се појави на телевизија:…

Фејзи Азири еден од осудените во случајот „Монструм“,…

БРУКА! Ковачевски и СДСМ ќе поднесуваат амандмани…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од собраниската говорница…

Врховен ги потврди доживотните затворски казни за…

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот…