Објавено на:

Уапсен е началникот на полицијата во Белград

t

Во продолжение на кампањата за расветлување на околностите под кои исчезна Александар Нешовиќ на 12 мај 2026 година, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Службата за борба против организираниот криминал на МУП на Србија го лишија од слобода началникот на Полициската управа во Белград, Веселин Милиќ, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.

– На Веселин Милиќ му е одредена мерка притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела Непријавување на кривичното дело и сторителот и Помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело, во кој рок ќе биде приведен на сослушување пред вршителот на должноста јавен обвинител – се наведува во соопштението.

Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој бил поврзан со криминалната група на Дејан Стојановиќ – Кека од Нов Белград, исчезнал пред три вечери во Белград, откако, според неофицијални информации, отишол да се сретне со познаник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

Студентка издрогирана, претепана и групно силувана од…

Поранешна студентка на американскиот универзитет Корнел поднесе…

Пет-шест дена ќе требаат за нормално функционирање…

Пукната топловодна цевка на вториот кат ја…

Двајца полицајци нападнати во Липково

Двајца полицајци вчера биле нападнати во Липково.…

Запленети 150 килограми месо со изминат рок,…

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени 150…