Уапсен е 45 годишен скопјанец – крадел пригушници од железничка пруга
МВР информира дека вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево.
По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РСМ“.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…
На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…
Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац
Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…
Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…
Утре ќе нема струја до 14:30 часот…
Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…
Tоварно возило прегази велешанка
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…