Уапсен жител на Прењас при обид да шверцува оружје од Македонија во Албанија

t

Според полицијата, запленети се автоматска пушка-калашников и сачмарка, кои, уапсениот откако, со возило, ја минал границата во зелениот појас имал намера да ги продаде.

– Како резултат на брзото администрирање на информациите од полициското разузнавање, за државјанин кој е осомничен за трговија со оружје од РСМ специјалците од одделот за истрага на недозволена трговија и наркотици од регионалниот комесаријат во Елбасан во соработка со специјалци за истрага на кривични дела, ја финализираа шифрираната полициска акција „Граничен премин“. Во истата, уапсено е лицето Ш.Ч.(33) жител на Прењас, стои во полициското соопштение.

Процедуралните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Елбасан за понатамошни дејствија.

Во средината на февруари полицијата на влезот во градот Елбасан уапси две лица жители на Дивјак, во чиј автомобил ауди пронајде едно парче огнено оружје калашников и 114 куршуми, чија крајната дестинација била Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот…

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево кај…

Португалец 17 години бил држен како роб

Португалец бил држен како роб 17 години…

Курти го повика Специјалното обвинителство да ги…

Косовскиот премиер Албин Курти го повика Специјалното…

Нов силен земјотрес во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по…

Мојсовски и Каевски тврдат дека против нив…

Наумче Мојсоски и Дарко Каевски демантираат злоупотреби…