Уапсен криумчар на мигранти во Скопје
На автопатот Гевгелија-Демир Капија, после тунел „Јаворица“, синоќа во 21.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода А.А.(42) од Скопје, затоа што со возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, превезувал двајца мигранти од Сирија.
Претходно, во 20.15 часот на наплатната рампа Смоквица, соопштија денеска од МВР, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото продолжил кон клучка Миравци, се исклучил, па веднаш се вратил на автопатот. По преземени мерки, во 21.30 часот тој бил запрен и лишен од слобода, а набргу кај клучка Миравци биле пронајдени и мигрантите.
Лицето било приведено во полициска станица, додека мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…