Објавено на:

Уапсен напаѓачот од Штип, пронајден е и пиштолот со кој пукал

t

Полицијата го уапсила напаѓачот кој синоќа во кафуле во центарот на Штип со огнено оружје застрела едно лице кое подоцна во болница им подлегна на повредите.

„Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка“,информираа од Обвинителството.
Како што претходно информираа оттаму, напаѓачот и жртвата биле идентификувани и станува збор за странски државјани.

Телото на починатиот, по наредба на јавниот обвинител е дадено за обдукција.

„Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска. Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство“, соопштија од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…