Уапсен пилот на „Алјаска ерлајнс“ откако се обидел намерно да ги исклучи моторите на авионот во лет
Пилот на авиокомпанијата „Алјаска ерлјанс“ кој не бил на должност, но седел на резервното седиште во пилотската кабина синоќа бил уапсен по основано сомнение обид за убиство, откако наводно се обидел да ја оневозможи работата на моторите за време на регионален лет, јавија дел од американските медиуми.
Летот 2059 на Алјаска, реализиран од „Хорајзон ер“ бил пренасочен за Портленд, Орегон, откако пилот кој не бил на должност „безуспешно се обидел да ја наруши работата на моторите“ за време на лет од Сиетл до Сан Франциско, јавија од компанијата.
Капетанот на Хорајзон и првиот офицер брзо реагирале и го осигурале авионот, енергијата во моторите не била запрена, укажаа од компанијата.
Џозеф. Д. Емерсон бил уапсен од полицијата во Портленд без инциденти веднаш откако авионот слетал. Претходно за време на летот, првиот офицер и капетанот го спровеле и го заклучиле во задниот дел на авионот.
Емерсон треба да се појави пред судија в среда. Адвокатот на пилотот не бил достапен за коментари, јавуваат американските медиуми.
Се дознава дека за време на летот тој се обидел да ги исклучи моторите на авионот преку системот за гасење пожар.
-Тој систем се вклучува со рачка во форма на букавата Т. Ако рачката е целосно свртена, вентил во крилото на авионот го затвора притокот на гориво до моторот. Пилотите на Хорајзон реагирале брзо и ги ресетирале рачките.
Во авионот се наоѓале околу 80 патници и членови на екипажот.
Пилотот кој е во затвор, се соочува со обид за убиство под 83 точки, како и обвиненија за непромислено изложување на опасност и загрозување на воздухоплов, јавија од канцеларијата на шерифот на округот Мултноман.
Од авиокомпанијата укажаа дека Емерсон бил нивни капетан од 2019 година, но тој работел како пилот за неколку компании повеќе од 20 години и успешно ги добивал задолжителните медицински сертификати.
Од Федералната воздухопловна администрација во писмо до американските авиокомпании синоќа повикаа на зголемена будност кај авиопревозниците и екипажите и укажаа дека инцидентот „не е никако поврзан со тековните светски настани“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…