Објавено на:

Уапсен полски државјанин, кој со Русите планирал атентат на Зеленски

t

Полски државјанин е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руската воена разузнавачка служба и да и помогне во планирањето на убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесува Асошиејтед прес.

Полското национално обвинителство соопшти дека човекот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да им пренесе информации за безбедноста на аеродромот на руските агенти и бил уапсен вчера во Полска.

Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.

Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.

Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…

Трамп: На САД не им е потребна…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…

Русија ги загрозува бродските рути во Црно…

Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…

Полска спречила можна руска провокација кај границата…

Полските безбедносни служби спречиле можна провокација на…

Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…