Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини, за проневера на 700.000 евра

t

Уапсен Мухамед Сејдини, поранешен претседател на ФФМ. Според засега неофицијалните информации Сејдини се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

Од ОЈО Скопје само ја потврдија акцијата и најавија повеќе детали за подоцна.

– Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба. Се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА го осуди нападот врз претседателот на…

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го осуди нападот врз…

(Фото) Пандев не издржа: Поранешниот капитен со…

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан…

Прв регионален судиски семинар во организација на…

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ова лето…

Сите заедно за Македонија!

Фудбалската репрезентација на Македонија следен чекор во…

Македонија денеска против Гибралтар за прва победа…

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот…