Објавено на:

Уапсен поранешниот црногорски главен специјален обвинител

t

Во неделата црногорската специјална полиција ги уапси поранешниот главен специјален обвинител Миливој Катниќ и поранешниот висок полициски функционер Зоран Лазовиќ, осомничени за формирање криминална организација и злоупотреба на службената положба.

Уапсени се по наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), кое соопшти дека станѕва збор за еден од најголемите случаи во обвинителството и дека во моментов се спроведуваат дејствија на повеќе места во Црна Гора.

„По основ на меѓусебна соработка и повеќемесечно координирано дејствување на Специјалното државно обвинителство, Специјалното полициско одделение и Европол, М.К., поранешниот главен специјален обвинител и З.Л., поранешен помошник директор на Полициската управа се лишени од слобода, поради основано сомнение дека сториле кривични дела создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба“, соопшти портпаролот на СДТ, Вукас Радоњиќ.

„Претресот на нивните станови и други простории во Подгорица, Цетиње, Будва и Бијело Поље е во тек, со цел да се откријат траги од кривичното дело и предмети кои можат да бидат корисни за постапката“, додаде Радоњиќ.

Миливој Кантиќ првпат беше избран за главен црногорски специјален обвинител во средината на 2015 година, тој беше реизбран во 2020 година, а разрешен во 2022 година, бидејќи ги достигна условите за пензионирање. За време на неговиот мандат, тогашната опозиција и невладините организации го критикуваа дека го штити семејството на Мило Ѓукановиќ и врвот на неговата Демократска партија на социјалистите.

Тој го водеше случајот со наводниот обид за државен удар во 2016 година, во кој лидерите на просрпскиот Демократски фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ беа вонсудски осудени за наводен обид за државен удар во Црна Гора заедно со двајца членови на руската разузнавачка служба во никогаш вистински недокажаните обвиненија.

По промената на власта во Црна Гора во 2020 година, таа пресуда беше укината, а постапката беше вратена на повторно судење. Мандиќ и Кнежевиќ минаа од опозицијата во владејачките клупи и порачаа дека ќе му се одмаздат на Катниќ за „фалсификување докази“ во текот на постапката.

Катниќ беше обвинет за злосторства за време на црногорската опсада на хрватскиот град Дубровник во текот на војната во поранешна Југославија во 1990-те години, што тој го негираше.

Зоран Лазовиќ беше истакнат функционер на црногорската Агенција за национална безбедност (АНБ). Работниот век го поминал во полицијата и безбедносните структури. До почетокот на 2021 година беше началник на Одделот за борба против организиран криминал на Црногорската полициска управа. Пред две години беше уапсен неговиот син Петар Лазовиќ, против кого Специјалното државно обвинителство поднесе повеќе обвиненија, обвинувајќи го за тешки кривични дела и особено поврзаност со ткн „Кавачкиот криминален клан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ! Андоновска: 3,4 доктори, 0,9 стоматолози…

-На 1000 жители имаме 3,4 доктори, вклучително…

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Македонија е најдобро рангирана во регионот според…

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен…

(Видео) Полицијата во Висконсин застрелала вооружен напаѓач…

Американската полиција вчера пукаше и уби ученик…