Уапсен скопјанец, управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола, возилото е одземено

t

На локалниот пат Илинден – Марино, ноќеска на една минута по полноќ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол. Тестот покажал дека тој има 2,13 промили алкохол во крвта, а возел и без дозвола. 

– При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик. Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период – соопшти МВР. 

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…

Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…

Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…

(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…

Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…

Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…

Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…