Објавено на:

Уапсен турски новинар за „ширење на лажни информации“ – Ја критикувал власта

t

Новинар од турскиот опозициски дневен весник „Биргунџ“ е уапсен под обвинение за „ширење лажни информации“, објави весникот. Репортерот Исмаил Ари беше приведен во северната турска покраина Токат, каде што го славеше празникот Бајрам, и беше однесен во Анкара на испрашување во недела наутро. „Исмаил никогаш не го излажал народот“, напиша на социјалните мрежи левичарскиот весник од Истанбул, познат по своите истраги за турските власти, без да прецизира за која од неговите публикации е приведен.

„Повторуваме: новинарството не е кривично дело. Исмаил Ари мора веднаш да биде ослободен“, соопшти Турскиот синдикат на новинари, цитиран од АФП. Случајот следи по серија истраги против Ари во последните години, вклучувајќи обвиненија за „ширење лажни информации“ во врска со неговите публикации. Кон крајот на февруари, турски новинар од германскиот јавен радиодифузен сервис „Дојче веле“ беше исто така приведен и затворен под обвинение за „навреда на претседателот“, и покрај протестите на германските власти и новинарските организации. Невладината организација „Репортери без граници“, која ги критикува ограничувањата на слободата на информации во Турција, ја рангира земјата на 159-то место од 180 земји во својата ранг-листа за слобода на печатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…