Уапсен УЕФА судија, се сомничи за сексуален напад врз тинејџер
Судија на УЕФА е уапсен под сомнение за сексуален напад врз тинејџер. Tој е обвинет за несакано допирање и обид да намами момче во својата хотелска соба пред европски натпревар во Обединетото Кралство, каде што допатувал за да суди, пишува „Дејли Мејл“.
Судијата по наводниот инцидент го судел натпреварот среде неделата, а бил уапсен по враќањето, пред други функционери на УЕФА. Инцидентот бил пријавен во полиција додека судијата бил отсутен поради натпреварот.
Извор за „Сан“ ги открил деталите за наводниот настан.
„Наводно започнал разговор со момчето во јавен дел од хотелот. Се товари дека го допирал и го пипкал против негова волја, како и дека се обидел да го намами во својата соба. Ако тоа е вистина, станува збор за шокантен и целосно непримерен чин“, изјавил изворот.
Европската фудбалска федерација потврди дека ги истражува сериозните обвинувања.
„Со голема загриженост ја следиме ситуацијата. Во меѓувреме, засегнатиот службеник нема да биде делегиран за натпревари во натпреварувањата на УЕФА“, соопштија од УЕФА.
Лондонската полиција потврди дека маж во триесеттите години е пуштен со кауција до завршување на истрагата. Според информациите, станува збор за судија кој бил кандидат за судење на Светското првенство што годинава ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен УЕФА судија, се сомничи за сексуален…
Судија на УЕФА е уапсен под сомнение…
Во 12 часот пред Собрание граѓани ќе…
Денеска со почеток во 12:00 часот пред…
Избори за ректор на УКИМ
Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во…
ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПЛАН ЗА МИР…
Американскиот претседател Доналд Трамп експресно го одби…
Лани 132 несреќи при работа, од нив…
По повод Светскиот ден за безбедност и…