Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, уапсен е првиот човек на Обвинителството во албанскиот приморски град Валона, Аурел Зарка, како и три други лица.
-Покрај Зарка, уапсени се Е. Даупај, магистрантка на Високата школа за судии, поранешна службеничка на правосудната полиција во обвинителството за тешки кривични дела и истражител во Националното биро за истраги, адвокатот Р. Чела и лицето А. Влади, кои се осомничени за злоупотреба на должноста во врска со кривични постапки, објавија албанските медиуми.
Анализата на апликацијата Sky Ecc открила дека овие лица таму комуницирале во врска со кривични постапки. Зарка бил корисник на четири кодови на оваа апликација преку која се разговарало за услуги и кривични дела, за кои обвинителите ги документирале улогите на инволвираните.
Сега уапсениот шеф на Обвинителството на округот Валона, на оваа функција бил избран 9 мај 2022 година, откако претходно успешно го поминал процесот на проверка- ветинг
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Најмалку 147 лица се уапсени во немирите…
Најмалку 147 лица се уапсени откако демонстрациите…
Криминалец баран со потерница е приведен на…
Денеска (03.08.2024) околу 13.00 часот, на Граничниот…
Четворица Срби уапсени во Косово: Остра реакција…
Канцеларијата за Косово и Метохија потврди дека…
(Фото) Акција на МВР: Лишени од слобода…
Вчера (31.07.2024) околу 22.20 часот на локален…