Убава вест – Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка
Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка. Таа роди уште еден син, кој ќе се вика Тома.
Јелена и оваа бременост ја чуваше во тајност, како и претходната кога го роди синот Јаков, кој сега веќе безмалку има пет години.
Тајната на Јелена овојпат ја откри нејзиниот брат Гоце, кој на Фејсбук објави дека станал вујко.
Нека ни е живо и здраво, станав вујко по втор пат. Честито Јелена Јованова, напиша тој.
Јелена е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кој се запозна на снимањето на серијата „Тајни“. Љубовта ја крунисаа со брак во 2015 година со свадба во Загреб, исто така без многу помпи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКО-АКТИВИСТИ ИЛИ АНАРХИСТИ?! Борците против рудници во…
Не запираат двосмислените пораки кои ги испраќаат…
Во Скопје изречени казни од над 80.000…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска…
Русија со рекордни 2,75 милијарди долари од…
Вредноста на рускиот поморски извоз на сурова…
Eве што се ќе дадат Бугарите за…
Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија…
(Фото) Израел го третира како терористички напад?!…
Драматични тврдења за насилството во авионот на…