Убави вести: Вардар добива странски спонзор – со силен буџет!
„СпортСпорт“ дознава дека од понеделник завршува најцрниот период во историјата на најтрофејниот фудбалски бренд во Македонија. ФК Вардар од Скопје добива нов спонзор, станува збор за странска компанија која во текот на минатиот ден дала согласност за комплетно превземање на фудбалскиот клуб. Од најавите, со стартот на новата недела треба да се почне и со новата стратегија во клубот кој според нашите инфорации ќе го менаџира познат спортски работник од земјава.
Се најавува повеќемилионски буџет во клубот иако приоритет за почеток на новиот сопственик на „црвено-црните“ ќе биде јакнење на три столба без кои не може да се направи силен и стабилен клуб за во иднина. Станнува збор за база, администрација и буџет. Без овие три компоненти не може да се креира стабилен клуб со европски амбиции и шампионски предизвици во домашниот шампионат.
ФК Вардар со новиот сопственик и со новиот управител на клубот поучен од грешките во минатото треба да креира фудбалски клуб кој би бил фудбалски бренд во регионов. Она што е јано е тоа дека за брзо време ќе се знаат основните информации околу тоа кога и каде почнуваат подготовките. Не постои паника од најавите за многуи заминувања од клубот затоа што се се тоа фудбалери кои немаат договори со „црвено-црните“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија произвела само 14 борбени авиони од…
Во првите осум месеци од 2026 година,…
Кадиров повторно се заканува со освојување на…
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…
(Видео) Од 2030-та од Богородица до Солун…
На патниот правец од граничниот премин Евзони…
Грција наскоро ќе произведува 15.000 воени дронови…
Грчките државни воени фабрики наскоро ќе можат…
(Видео) Поради потенцијални напади од други држави…
Националната канцеларија за ревизија откри дека владата…