УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА: Стојанчо Радичевски ги победи кандидатите на НАИ, ВЛЕН и СДСМ

t

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ остварија убедлива победа на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Кандидатот Стојанчо Радичевски освои 2.943 гласа, односно 38,90 проценти, оставајќи ги зад себе кандидатите на НАИ, ВЛЕН и СДСМ.

Според прикажаните изборни резултати, Радичевски има предност од дури 791 глас пред второпласираниот кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Аркин Јахији, кој освои 2.152 гласа или 28,45 проценти.

На третото место се најде кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Јакуп Хусеини, со 1.528 гласа или 20,20 проценти, додека кандидатот на СДСМ, Јовица Радески, освои само 706 гласа, односно 9,33 проценти.

Особено впечатлив е резултатот на ВМРО-ДПМНЕ во споредба со СДСМ.

Радичевски освои повеќе од четирипати повеќе гласови од кандидатот на опозициската партија, односно 2.237 гласа повеќе.

Дополнително, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од кандидатите на НАИ и СДСМ заедно, што ја нагласува предноста на победничката коалиција.

Резултатите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ успеа да го освои првото место во општина во која за поддршката на гласачите се натпреваруваа и двете големи коалиции од албанскиот политички блок.

Победата на Стојанчо Радичевски претставува значаен изборен успех за ВМРО-ДПМНЕ, додека резултатот на СДСМ, со помалку од десет проценти од гласовите, покажува сериозно заостанување зад останатите политички конкуренти.

Со речиси 39 проценти од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ излезе како убедливо најсилна политичка опција на предвремените избори во Брвеница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…

ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…

Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…

Пожарот што избувна во куќи во близина…

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…

На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…

Ива Михаилова не избегала, тврди Рауфи, судењето…

Ива Михаилова заминала во Бугарија за да…

Трамп изрази сомнеж во изборните резултати откако…

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во…