Објавено на:

Убиен лидерот на Исламска држава: Портпаролот вели се борел со божјите непријатели

t

Водачот на Исламската држава Абу ал Хасан ал Хашеми ал Кураиши е убиен, објавил портпаролот на ИД во аудио порака на Телеграм.

Портаролот на ИД, Абу Омар ал Мухаџер, во пораката навел оти лидерот на Исламската држава бил убиен додека се борел против Божјите непријатели, но не објавил дополнителни детали.

„Тој умре борејќи се против непријателите на Бога, убивајќи некои од нив пред да биде убиен како човек на бојното поле“, рекол тој.

Портпаролот додал оти за нов лидер на ИД е избран Абу ал Хусеин ал Хусеини ал Кураиши, опишувајќи го како „воен ветеран и еден од лојалните синови на Исламската држава“.

Сега веќе починатиот лидер на Исламската држава, Абу ал Хасан ал Хашеми ал Кураиши, беше прогласен за лидер на ИД во март оваа година, откако американскиот претседател Џо Бајден ја објави смртта на неговиот претходник, Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши во воена операција во северозападниот дел на Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тачи: Мојот сон е сите Албанци да…

Претседателот на ДПА и дел од коалицијата…

7.275 погодени од земјотрсите во Турција добија…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им ги…

Борел: Мора да изградиме држава за Палестинците

На денешното заседание на Советот за надворешни…

(Видео) Народот се охрабри, Левица ќе учествува…

Ќе се појавиме на сите избори, вели…

Рекордна недоверба на Германците во нивната држава

Довербата на Германците во државата никогаш не…