Објавено на:

Убиен министерот за одбрана на Мали, огранок на Ал Каеда презема одговорност за нападот

t

Министерот за одбрана на Мали, Садио Камара, е убиен во напад извршен од групата Џамаат Нусрат ал-Ислам вал-Муслимин (JNIM), поврзана со Ал Каеда, врз неговата резиденција во воената база Кати во близина на главниот град Бамако, објави француското радио РФИ.

Нападот се случил вчера, а одговорноста ја презеде групата JNIM.

Вооружени групи во Мали, кои претходно се судрија едни со други, започнаа координирани напади врз владините сили и главниот град Бамако во средаta, со цел да ја соборат владата на Мали, објави Ал Џезира, повикувајќи се на воени извори.

Две силни експлозии и пукање се слушнале кратко пред 6 часот наутро по локално време во близина на главната воена база Кати, во близина на Бамако, додека војниците биле распоредени за да ги блокираат патиштата, изјавиле очевидци.

Vo isto vreme nемири беа пријавени и во централниот град Севара, како и во градовите Кидал и Гао. JNIM, која е дел од Ал Каеда во регионот Сахел, се смета за најактивна вооружена група во областа

Сегашната влада на Мали дојде на власт по државните удари извршени во 2020 и 2021 година. Последователно, војската ги протера западните сили стационирани во земјата и се обрати до Русија за помош во борбата против џихадистите.

Во 2024 година, борците на JNIM нападнаа центар за обука на жандармериите, при што загинаа околу 70 лица. Џихадистите неодамна го блокираа увозот на гориво, сериозно погодувајќи ги жителите и бизнисите во Бамако.

Владата, предводена од Асими Гоита, неодамна побара поблиски врски со Вашингтон во врска со безбедноста и можна соработка во истражувањето и екстракцијата на минерали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…

Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…

(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…

Израел започна воздушни напади врз централен и…

Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…

Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…

Нарачал производи, па го ограбил и натепал…

На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…

Саудиска Арабија го осуди иранскиот напад врз…

Саудиска Арабија го осуди утринскиот ирански напад…