Угостителите бараат зголемување на бројот на ваучери за туризам: Ситуацијата е тешка, гостите од Русија и Украина нема да дојдат

t

Хотелерите и угостителите се незадоволни од бројот на ваучери за туризам, кои државата ги предвиде и за оваа година, како помош на туристичкиот сектор, ако се знае велат дека и оваа сезона ќе биде неизвесна, поради економската криза во државата и светот и војната во Украина.

„Кога станува збор за 2000 ваучери од Министерството за економија, кои се делат секоја година, ако ги гледаме како субвенции тие се во ред, но не би рекол дека се доволни. Ние како бизнис имаме потреби од повеќе субвенции и повеќе помош. Ние сме свесни дека после последниот конфликт на светско ниво, цените растат многу и ние мора секој ден да корегираме цени“, рече Ерхан Папранику-менаџер на хотел во Струга.

„Последиците од пандемијата траат.Ние во туристичката индустријата борба водиме со последиците кои ни ги нанесе пандемијата.Еден од најголемите удари покрај нас туристичките агенции го имаа и авио компаниите.Тие беа меѓу нај погодемите во оваа пандемија“, рече Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција.

Министерот за економија Крешник Бектеши, неодамна од Охрид најави дека со ребалансот на буџетот се предвидени 15 милиони денари за мерката ваучери за туризам за работници со ниски приходи и оти согласно предвидените средства ќе се обезбедат ваучери за 1.500 до 2.000 семејства.На прашањето дали тоа е доволно за да им се помогне на хотелиерите, тој рече дека тоа била само една од мерките кои се реализирале од страна на владата но и агенцијата за туризам.

И покрај се туристичките работници се надеваат дека сепак Охрид и Струга на крајот од сезоната ќе бидат задоволни од постигнатите резултати.

„Сега за сега може да кажеме од тоа што имаме секојдневно комуникација со нашите партнери, моментално информации се дека гостите од Украина и Русија се дефинтивно откажани за оваа сезона. Додека другите пазари остануваат отворени, продажбата е во тек.Така што очекуваме да имаме добра туристичка сезона, можеби со некои намалувања на број на гости“, додава Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција.

Велат дека годинава очекуваат поголем број на туристи од лани, но под рекордниот број на посети остварен во 2019 година

Велат дека очекуваат да има поголем број на туристи од ланската година, но далеку помалку од најуспешната до сега во 2019 година.На 6 јуни доаѓа првиот чартер авион од Полска, а во меѓувреме редовно оперираат и авио линиите од Холандија.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…