Угостителите да имаат дигитален пасош, а детекторите за пожар да им се поврзани со Противпожарна бригада, бараат „Супорт Кочани“

t

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ поднесе предлог-иницијативи до пратениците во Собранието со цел унапредување на безбедноста во угостителските објекти низ државата. Иницијативите следуваат по одржаната анкетна комисија на 9 декември во Собранието, посветена на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Од иницијативата посочуваат дека предложените мерки се насочени кон системско зголемување на безбедноста и јасно утврдување на одговорноста.

„Доставивме предлози за кои сметаме дека значително можат да ја подобрат безбедноста на секој граѓанин. Првиот предлог е секој угостителски објект да има задолжително лице за безбедност, кое ќе биде одговорно за спроведување на сите пропишани безбедносни мерки. Така, одговорноста ќе има име и презиме и ќе се знае кој е директно одговорен за безбедноста во објектот“, наведуваат од „Супорт Кочани“.
Вториот предлог се однесува на поставување детектори и сервери за чад и пожар, кои наместо да функционираат само локално, би биле поврзани преку интернет со најблиската противпожарна станица.

„Во случај на појава на чад или пожар, системот автоматски ќе испраќа сигнал до противпожарната служба, со што значително ќе се скрати времето за реакција и интервенција“, објаснуваат од иницијативата.

Како трет клучен предлог, „Супорт Кочани“ бара воспоставување национална дигитална база на податоци за безбедноста на угостителските објекти.

„Секој објект би добил таканаречен дигитален пасош, преку кој ќе се знае дали објектот е безбеден, какви елаборати и дозволи за заштита поседува и дали ги исполнува законските услови. Базата би била јавно достапна, за секој граѓанин да може да провери каде влегува“, додаваат од „Супорт Кочани“.

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март и во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, започна на 19 ноември. Судскиот процес го води судијката Диана Груевска-Илиевска, а сите 35 обвинети физички лица и трите правни лица се изјаснија дека не се виновни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последно обраќање на Гутереш пред ГС на…

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш…

Mицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си…

Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот се обрати…

Странски државјани натепале жител на Арачиново во…

Вчера во Скопје на подрачјето на општина…

На последниот ден од летото вее снег…

Денес во српскиот туристички центар Копаони падна…

„Говеда, џукели, ќе ве запалам, ќе ве…

Синдикатот на УПОЗ бара Судскиот совет итно…