Удрил во полициско возило и повредил двајца полицајци: Приведен шверцер на мигранти од Скопско
Вчера, околу 15.10 часот, на автопатот Велес – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С. Е. (24) од с. Студеничани, Скопско, поради сторено кривично дело шверцување мигранти.
Со возило „мазда“, со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеници по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што повреди добиле двајца полициски службеници и С. Е..
Претходно, С. Е., во близина на наплатната станица Демир Капија, застанал и од возилото излегле осум лица мигранти од Сирија, а удрил и во рампа од наплатната станица Отовица. С. Е. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се пренесени во прифатно-транзитниот центар „Винојуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бирол предупредува: Нема брзо враќање на енергетскиот…
Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика,…
Египетскиот парламент го овласти Сиси да испрати…
Египетскиот парламент го овласти претседателот Абдел Фатах…
Бакиќ од Студентската листа: Србија нема да…
Србија нема да се приклучи кон санкциите…
Муцунски им честиташе на граѓаните на Србија…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Зеленски: Речиси еден месец чекаме американско одобрение…
Украина речиси еден месец чека американскиот секретар…