Ужасно невреме во Хрватска — четири суперќелиски бури ја погодија Истра
Истра, Хрватска, денеска беше погодена од силна бура, а над морето се развија дури четири суперќелиски бури, кои локално донесоа екстремно голем град, а овој феномен не е забележан во Истра во последните неколку години, објави истарскиот метеоролошки портал „Истрамет“.
Најголемиот град паднал во областа на Ровињ, каде што се забележани зрна град со дијаметар поголем од пет сантиметри, а тие предизвикале штета на бројни возила.
Системот на бури што ја погоди околината и градот Ровињ продолжи кон внатрешноста на Истра, а суперќелијата моментно се движи кон областа на Жмињ. Сè уште постои можност за нов град, обилни врнежи од дожд и посилни грмотевици.
Покрај силната бура, во областа повторно се забележани ретките формации на облаци „undulatus asperatus“. Станува збор за невообичаена формација на облаци што се карактеризира со брановидни структури на небото и се појавува многу ретко, најчесто во услови на изразена атмосферска нестабилност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…
Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…