Објавено на:

Ужас: Ал Каеда повикува муслиманите да ги уништат Евреите и нивните сојузници ширум светот

t

Терористичката група Ал Каеда ги повика симпатизерите да почнат да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници ширум светот.

„Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо“, се вели во соопштението објавено вчера преку вообичаените пропагандни канали на терористичката мрежа.

„Синовите на исламот“ треба да ги нападнат „ционистите“ на места како што се улиците на Дубаи, Абу Даби, Саудиска Арабија и Бахреин, пишува Ал Каеда.

Терористичката група ги повика симпатизерите и другите исламисти да им се придружат во борбата.

„Затресете ја земјата под американските воени бази, нивните аеродроми и амбасади во нашите исламски региони. Затоа што од нивните магацини таа муниција оди во Израел и паѓа врз главите и градите на нашите браќа Палестинци“, се вели во соопштението на терористичката мрежа.

Борците на Хамас извршија масакри минатата сабота, убивајќи повеќе од 1.300 луѓе во израелските погранични градови и на музички фестивал, а повредија 3.391.

Израел одговори со силно воздушно бомбардирање на Газа. Повеќе од 1.900 Палестинци се убиени, а повеќе од 7.696 се ранети во израелските напади, според Министерството за здравство на Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото-галерија) Положување на цвеќе по повод 81-годишнината…

Делегации на локалната и централната власт положија…

81 година од депортацијата на македонските Евреи

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и…

Папата Франциск ги осуди нападите врз Евреите…

Папата Франциск денеска го осуди „ужасниот пораст…

Ако Европа ги изневери Евреите, ќе не…

Холокаустот започна со антисемитизам и омраза и…

Момче во Канада планирало терористички акти против…

Канадската национална полиција соопшти дека еден млад…