Ужас во Атина: Браќа се скарале за облека па едниот го убил другиот
Маж го убил својот брат по караница во Атина.
Според медиумите, тој во полиција признал дека смртно го ранил својот брат по расправија за облека.
Имено, жртвата наводно без да праша ја зела кошулата на постариот брат, пишува Прототема.
Во моментот на убиството во станот биле мајката и бабата на тинејџерот, а инцидентот се случил околу 21 часот.
Како што изјавиле жените во полиција, додека се обидувале да ги разделат, 18-годишникот од спалната соба зел ножици и со нив го прободел својот помал брат во градите.
Трагедијата била откриена нешто по 21 часот кога соседите слушнале гласови од станот и повикале полиција.
На местото на настанот пристигнала брза помош која го однела тинејџерот во болница каде од здобиените повреди починал.
Во станот во моментот на инцидентот бил и пријател на мајката, кој исто така дал изјава во полиција.
Жените се ослободени, а момчето (18) е уапсен и приведен.
Според сведоците, ова не е прв пат браќата да се степаат за облека.
Инцидентот се случил и минатото лето пред куќата, кога 16-годишникот со боксер го претепал својот брат, а тој извадил нож и се обидел да го повреди.
Соседите ги разделиле браќата, а била повикана полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во…
Во текот на гаснењето на пожарот западно…
Познат адвокат во Атина до смрт претепан…
Во полн ек е истрагата за смртта…
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…