УЖАС: Пет француски туристи силувале тинејџерка во Шпанија!

t

Група од пет француски туристи и еден швајцарски турист се уапсени откако силувале тинејџерка Британка во одморалиштето Магалуф, во Мајорка, Шпанија.

Судијата откри дека има видеа од наводното силување на телефоните на најмалку еден од осомничените, соопшти полицијата.

Силуваната тинејџерка се сретнала со осомничените силувачи во понеделникот вечерта, а подоцна отишла во хотелската соба на еден од нив, каде шестмината наводно сексуално ја нападнале, се вели во соопштението на полицијата на Мајорка, повикувајќи се на изјавата на жртвата.

Полицијата стигнала во хотелот откако добила телефонски повик од обезбедувањето на хотелот кое нашло силувано девојче како плаче.

Набргу потоа полицијата ги приведе осомничените, сите на возраст над 20 години.

Наводната жртва веднаш добила лекарска помош и психолошко советување.

За време на апсењето, еден од осомничените ја држел главата надолу и гледал во земјата додека полициски службеник со лисици го водел до судот во Палма.

Останатите петмина не се обиделе да ги покријат лицата додека биле несени на распит во судот.

Истрагата е во тек. Детали за нивниот идентитет, како и идентитетот на жртвата, не се објавени.

Детективите ја прегледале просторијата во која се случил нападот и ги прегледале снимките од видео надзорот на влезот од хотелот како дел од истрагата. Докторот ја прегледал жената и рекол дека на нејзините раце пронашол траги на насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…

Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…