УЖАС: Татко намерно излетал од патот, во автомобилот бил и неговиот 6-годишен син
Од Центарот за оперативни комуникации (ЦОК) на Полициската управа во Црна Гора, соопштено е дека во близина на Кривиот мост, од засега непознати причини, возило излетало во кањонот Морача. Од возилото биле извлечени телата на А.Ѓ. (1987) и K. Ѓ. (2017).
Од полицијата за весникот „Вијести“ информират дека, според изјавите на очевидци, најверојатно се работи за „голф 4“. Телата на А.Ѓ. (36) и неговиот шестгодишен син биле извлечени од реката.
Првите податоци од полицијата, а врз основа на исказите на сведоците на трагедијата велат дека најверојатно возачот тоа го сторил на своја волја.
Според изјавите на сведоците, возачот на „голфот“ најпрвин со својот автомобил полека се качил на тротоарот, а потоа свртел кон Морача.
Полицијата испитува еден сведок, кој наводно го видел возачот како се качува по тротоарот со својот автомобил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден е автомобил за кој се сомнева…
Одделот за криминалистичка полиција и Вишото јавно…
Идентификуван напаѓачот во Модена: 31-годишник повреди седум…
Во вчерашниот инцидент во италијанскиот град Модена…
Се заби со автомобил во пешаци во…
Седум лица беа повредени во саботата кога…
(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…
Мајка на син кој бил диџеј во…
Хорор во Македонија утрово: Син со секира…
Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници…