Узбуна во Австрија: Зголемено нивото на предупредување за закана од тероризам!
Властите во Австрија денеска го подигнаа нивото на предупредување за закана од тероризам поради неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас и терористичкиот напад во Брисел.
Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер објави дека нивото на предупредување е подигнато на второ највисоко ниво, пренесува австрискиот јавен радиодифузер ORF.
Тој изјави дека дополнителните, „специјално обучени сили“ на австриската армија ќе се користат „првенствено за заштита на еврејските институции“.
Последен пат вакво ниво на тревога за терор беше подигнато по терористичкиот напад во центарот на Виена на 2 ноември 2020 година, во кој загинаа четири лица, а повеќе од 20 беа ранети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синоќа засилено прскање против комарци во три…
Засилени акции за прскање против комарци синоќа…
Врховниот суд на САД привремено гo одобри…
Американскиот претседател Доналд Трамп доби привремена правна поддршка…
Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…
Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…
Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…
Летови од 19 евра и рачен багаж…
Европскиот авионски пазар би можел да добие…