Узунов: Позајмица од ММФ е добра опција, ќе контролираат како се торшат парите – Владата нема избор, мора да се задолжи

t

Поскапените опции за задолжување преку еврообврзница ја менува стратегијата на македонската влада, која објави дека преку монетарците ќе го финансира буџетот и секако тоа е подобра опција бидејќи ММФ ќе врши силна контрола за што се трошат парите, вели за „Фокус“ универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

– Оваа криза  никој не ја очекуваше и го зафати светот, најмногу Европа токму поради руско-украинскиот конфликт, ниту една економија не беше доволно заздравена од претходно и во моментот стабилизацијата зависи од Русија, поточно Путин, бидејќи инфлацијата постојано расте, вели тој.

Узунов потенцира дека не само оваа владата туку и која и да е друга влада нема избор освен да се позајми бидејќи трошоците за живот се пораснати, а различните субјекти во општеството се одлучија за штрајкови.

– Нормално е владата да се позајми или да ги зглеми даноците што во моментот второтот е невозможно. Ако се задолжи кај домашните банки ќе нема доволно средства за кредити за домаќинствата и компаниите, еврообврзницата е сакапа и токму затоа е одлуката за позајмица од ММФ. Кога дава ММФ пари, тоа носи и поголема контрола за да не дојде до целосен колапс. Но, се знае дека тие пари одат за стриктна намена, за враќање кредити, за доспеани обврски, но никако како кредитни линии за никого, не за плати, не за пензии, објаснува Узунов.

Според него токму во ваква криза покачувањето на минималната плата е добра политика бидејќи се спасија многу семејства да не падната под нивото на границата за сиромаштија со оглед на тоа дека пораснаа трошоците за живот.

-Ако една Германија креира политики за штедење и мака мачи со зависноста од рускиот гас, а знаеме дека е една од моќните економии, големо влијание има и врз нашата економија, речиси 50 проценти од извозот е кон оваа земја, а во моментот единствено што може да направиеме е да чекаме да заврши војната за да очекуваме некаква стабилизација и реална проекција за иднината на економијата, вели тој.

Поддршка за стопанството

Министерот за финансии Фатмир Бесими, кој пред три дена во Вашингтон се сретна со шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, соопшти дека Македонија добива препорака за пристап до кредитната линија за претпазливост и ликвидност на Меѓународниот монетарен фонд.

-Оваа кредитна линија е достапна за земјите членки со здрави економски основи, а се користи за ситуации кога има неизвесност, како што е во моментов економската криза како резултат на инфлацијата и енергетската криза, особено по војната во Украина, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими најавува дека парите ќе бидат за поддршка на стандардот на граѓаните и стопанството, но колкава сума би добила Северна Македонија по овој основ засега е нејасно иако се шпекулира за бројка од 600, односно 900 милиони евра .

Новиот заем допрва ќе треба да се одобри преку скенирање на состојбите од страна на монетарците, кои наредната недела треба да допатуваат во Скопје. Ако оценат дека земјата ги исполнува условите, тогаш каматата за позајмицата ќе изнесува 1 процент.

Народната банка уверува дека линијата која се става на располагање е поради здравите економски и монетарни политики.

Владата планира  ребаланс за да обезбеди дел од потребните пари

Кредитното задолжување е во период кога власта е под притисок за зголемување на платите во јавната администрација како и повеќенеделниот штрајк во образованието, а синдикатот СОНК бара  зголемување на платите од 18%.

Колку пари ќе фалат за сите овие трошоци и потреби засега е нејасно. според досегашните јавно објавени информации во буџетот недостигаат најмалку 600 милиони евра за покривање на трошоците наметнати од енергетската криза и инфлацијата. Но, колку средства ќе бидат дополнително потребни, нема податок.

Според грубите пресметки, само за повисоки плати во јавниот сектор по теркот или барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија би требало да се обезбедат по најмалку 5 до 6 милиони евра месечно. Владата планира да прави и ребаланс за да обезбеди дел од потребните пари.

Дел од средствата ќе се пренаменат преку кратење на близу 350 милиони евра предвидени расходи, а нема да има ниту луксузирање од типот на купување мебел, автомобили и слично.

Опозицијата критикува дека власта премногу ја задолжила државата, а со најновото задолжување се очекува долгот да достигне 7,9 милијарди евра.

Се бара државна поддршка за да се издржи глобалниот удар

Пари за ликвидност се потребни и за стопанството кое е соочено со бројни предизвици. Дел од индустријата веќе испрати аларм дека без конкретна државна помош тешко ќе го издржи глобалниот удар, кој веќе се рефлектира врз способноста за задржување на кондицијата, но и на бројот на вработени.

Дел од автомобилската индустрија веќе работи со намален број на вработени, со намалени смени и без работа во викенди и празници.

Тие одамна бараат и конкретна државна поддршка во вид на минимална плата по одреден број вработени. Ништо подобра не е сотојбата ниту кај домашните компании, кои исто така испраќаат апели до државата дека им се потребни свежи финансиски средства за да можат да функционираат и да ги задржат работните места.

Експертската јавност веќе предупреди дека политиката на зголемување плати во јавната администрација, без притоа да се води сметка за приватниот сектор, кој го полни буџетот, би била погрешна и многу лесно може да предизвика несакани ефекти врз домашната економија. Каква е состојбата доволно зборува фактот дека веќе се намалени проекциите за растот на домашната економија од 4,3% на 3,2% од брутодомашниот производ.

Оваа надолна корекција ќе предизвика и продлабочување на буџетскиот дефицит од првичните 4,3% на нешто повеќе од 6%. Колку точно ќе се движат проекциите ќе биде познато со ребалансот на буџетот кој е веќе во подготовка и треба да помине низ владиниот и собраниски филтер во текот на мај, односно најдоцна до почетокот на јуни.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Растот на платите создава ризик од забрзување…

Инфлацијата се намалува благодарение на затегнување на…

ММФ: Ситуацијата со долгот на САД е…

ММФ предупреди дека ситуацијата со долгот на…

Предупредување од ММФ: Војната е новиот темен…

Војната меѓу Израел и Хамас е „нов…

Киев очекува дека САД, ЕУ и ММФ…

Украина очекува дека покрај воената помош, САД…

САД посредувал за договор помеѓу ММФ и…

Вашингтон беше лут на претходната влада на…