Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – Деве Баир
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.
-Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, Воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре летен времен режим на сообраќај…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Намалена видливост поради магла на неколку патни…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено…
АМСМ: Сообраќајот на патишта се одвива непречено,…
Сообраќајот на државните патишта се одвива по…
Намалена видливост на патиштата, возете внимателно!
Сообраќајот на државните патишта се одвива во…
Внимателно на патиштата, сообраќајот се одвива по…
Забраните за сообраќај за тешки товарни возила…