Украина бара итен состанок на ОБСЕ поради наводните акции на Москва
Украина бара во рок од 48 часа да се одржи заеднички состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ и Форумот за безбедносна соработка на ОБСЕ поради „акциите на Москва“ во близина на границата, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба.
„Продолжуваме да бараме транспарентност од Русија, која одби да присуствува на вчерашната средба во рамките на Виенскиот документ. Уште еднаш ја повикуваме Русија да ги земе предвид правните грижи на земјите-учеснички и да ги искористи инструментите на ОБСЕ за да ги смири тензиите предизвикани од нејзините воени акции во близина на границата со Украина. Изјавите за повлекување на војниците не се доволни. Потребна ни е транспарентност и факти“ , напиша министерот на Твитер.
Хистеријата околу наводните планови на Русија за инвазија на Украина трае со недели. Иако Москва постојано негираше дека има такви намери, западните медиуми и политичари не престануваат да ја повторуваат истата мантра. Згора на тоа, тие бараат Русија да ги повлече војниците кои спроведуваат воени вежби на нејзина територија. Иако Русија на 15 февруари објави дека почнала да повлекува дел од своите војници по воените вежби , од Запад сè уште доаѓаат неаргументирани изјави за подготовка на провокации.
Да потсетиме, украинските власти повеќепати изјавија дека немаат информации дека Русија подготвува напад врз нивната земја
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…