Украина во контраофанзивата ослободила 210 квадратни километри
Украина ослободила досега вкупно 210 квадратни километри во контраофанзива против руските сили, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.
Маљар на Телеграм напиша дека украинската контраофанзива напредува и дека Киев повратил 18 квадратни километри на истокот и југот од земјата во текот на изминатата недела, објави „Ројтерс“.
Таа истакна дека минатата недела украинските војници повторно зазеле седум квадратни километри во правец на Бахмут на истокот од земјата, со што повторно заземената територија во таа област ја зголемиле на 31 квадратен километар.
„На југ, каде што украинските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Бердјанск и Мелитопол, тие во текот на изминатата недела повторно зазедоа речиси 11 квадратни километри, зголемувајќи ја повторно заземената територија во таа област на речиси 180 квадратни километри“, изјави Маљар.
Таа рече дека руските сили напредуваат од крајот на минатата недела кон градот Купјанск во областа Харков.
Украина започна контраофанзива во јуни за да ја врати територијата окупирана од руските сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…