Украина ги демантира тврдењата дека Русија го зазела градот Суџа во регионот Курск
Борбите во рускиот регион Курск сè уште траат, а вестите за заземањето на градот Суџа од страна на руските сили не се точни, изјави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
„Борбите во регионот Курск продолжуваат, како и судирите во правец на Суџа. Засега информациите за тоа дека градот паднал во руски раце не се точни“, напиша Коваленко на Телеграм.
Претходно, секретарот на украинскиот парламентарен комитет за национална безбедност, одбрана и разузнавање, Роман Костенко, изјави дека украинските вооружени сили не се целосно повлечени од Суџа и од регионот Курск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на денешниот брифинг потврди дека украинските сили продолжуваат со своите операции во регионот и дека военото раководство прави сè за да ги заштити животите на војниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…