Русите потонаа три водени брода на Украина
Руски патролни бродови уништиле три украински беспилотни чамци кои се обиделе да ги нападнат во Црното Море, 340 километри југозападно од Севастопол, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Вооружените сили на Украина синоќа неуспешно се обидоа со три чамци без екипаж да ги нападнат патролните бродови „Сергеј Котов“ и „Васили Биков“ на Црноморската флота. Руски бродови ја контролираа пловидбата во југозападниот дел на Црното Море, 340 километри југозападно од Севастопол. При одбивањето на нападот, сите три непријателски беспилотни пловила се уништени со оган од стандардното оружје на руските бродови“, се прецизира во соопштението.
Министерството посочува дека „бродовите „Сергеј Котов“ и „Василиј Биков“ на Црноморската флота продолжуваат да ги извршуваат предвидените задачи“.
Претходно, Министерството за одбрана на Русија на 25 јули соопшти дека вооружените сили на Украина во текот на ноќта неуспешно се обиделе да го нападнат патролниот брод „Сергеј Котов“ со два брзи беспилотни пловила. Според соопштението, двата пловила се уништени, нема повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК побарал од Градот и од Општината…
Иако поминаа само неколку денови од последната…
Димовски во Германија на средба со менаџментот…
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни…
Израел започна жестоки воздушни напади врз цели…
Израелските вооружени сили започнаа интензивни воздушни напади…
Премиерот на Онтарио му се потсмева на…
Премиерот на Онтарио, Даг Форд, еден од…
Ајзенкот најавува влада за национална спас: Израелците…
Гади Ајзенкот порача дека израелските граѓани гласале…