Објавено на:

Украина ги отфрла обвинувањата дека е поврзана со откриениот експлозив во Србија

t

Украинското Министерство за надворешни работи категорично ги отфрли обвинувањата дека Украина е поврзана со откриениот експлозив во близина на српскиот дел од гасоводот „Турски тек“.

– Украина нема никаква врска со тоа, напиша на Х портпаролот на Министерството за надворешни работи, Георгиј Тихи.

Според него, „најверојатно станува збор за руска операција под лажно знаме во рамките на масовното мешање на Москва во унгарските избори“.

Порано денеска, српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека се пронајдени експлозивни направи во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека Украинците би можеле да стојат зад обидот за кревање во воздух на гасоводот „Турски тек“ на територијата на Србија.

Сијарто рече дека „оневозможениот терористички напад во Војводина се вклопува во шемата на украинските дејства“.

Според него, Украинците претходно го кренале во воздух гасоводот „Северен тек“, го блокирале нафтоводот „Дружба“, со што ги запреле испораките на нафта за Унгарија и Словачка, а во последните недели го нападнале гасоводот „Турски тек“ на руска територија со десетици дронови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…