Украина го евакуира населението од ослободените области Херсон и Николаев поради недостиг на струја
Украинските власти денеска соопштија дека почнале со евакуација на населението од неодамна ослободената област Херсон и од соседната провинција Николаев, бидејќи стравуваат дека штетите на инфраструктурата се преголеми за нормално снабдување со електрична енергија во текот на зимата.
-Властите ги советуваат жителите на тие две области на југот на Украина, кои беа под артилериски оган од руските сили во изминатите месеци, да се преселат во побезбедните централни и западни делови на Украина, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.
Таа додаде дека владата ќе им обезбеди на граѓаните „превоз, сместување, здравствена заштита”.
Украинските сили го вратија градот Херсон и околните области пред нешто повеќе од една недела во голем воен успех, но евакуацијата сега укажува на тешкотии поради жестокото таргетирање на електричната инфраструктура од страна на Русија.
Руските воздушни напади врз електричната мрежа на Украина и другата инфраструктура оставија милиони Украинци без струја и вода среде силен студ и снег.
Во 15 украински региони денеска се очекуваат четиричасовни или подолги прекини на електричната енергија, изјави директорот на државното претпријатие за дистрибуција на електрична енергија, Володимир Кудрички. Повеќе од 40 отсто од енергетските капацитети на Украина се оштетени од руските ракетни напади во изнинатите недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
