Објавено на:

Украина го има најуспешниот генерал на 21 век?

t

Името на украинскиот генерал Олександр Сирски често се поврзува со титулата „најуспешен генерал на 21 век досега“, а зошто е тоа така, проверил репортерот на Би-Би-Си Џонатан Бил, откако се сретнал со познатиот војсководец на тајна локација на Истокот во завојуваната земја.

Генералот Сирски ја водеше одбраната на Киев на самиот почеток на руската инвазија, беше мозокот зад минатогодишниот успешен контранапад во Харков, а сега, како шеф на воените операции во источна Украина, ја надгледува новата офанзива. Тој се сретна со репортерот на Би-Би-Си до командното возило што го користи за да ги посети своите војници.

На врвот има моќен митралез. Внатре, голем екран прикажува повеќе видеа во живо од бојното поле со стотици беспилотни летала и гранати распослани низ теренот околу Бахмут. Запрашан дали неговата цел е повторно да го заземе градот, тој се насмевнува и вели: „Да, секако. Се обидувам да го направам тоа“.

Но, дури и тој признава дека, повеќе од еден месец од почетокот, долгоочекуваната офанзива на Украина со повеќе фронтови се движи побавно отколку што многумина се надеваа. „Би сакале да постигнеме многу брзи резултати“, вели генералот Сирски, „но во реалноста тоа е практично невозможно“. Тој додава дека и на исток областа е вмрежена со мини и одбранбени бариери.

Генералот Сирски смета дека Украина сепак има една јасна предност – единството на военото раководство и меѓусебната доверба на војниците, што е во остра контраст со руската воена хиерархија. Колегите на генералот Сирски се восхитуваат на неговата посветеност, решителност и итрина, пишува Би-Би-Си. Генералот секој ден вежба во теретана, а навечер спие само четири и пол часа.

Украина соопшти дека од Русите повторно освоила речиси 30 квадратни километри територија јужно и северно од Бахмут. Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар изјави за Би-Би-Си дека руските сили во градот наскоро ќе бидат заробени. Но, артилериските гранати продолжуваат да паѓаат врз украински позиции, на само три километри оддалеченост од градот. Алекс, еден од војниците од украинската 57-ма бригада, ја опишува ситуацијата како „напната“. Тој покажува на голем кратер создаден од руска артилериска граната тоа утро. Истата паднала на само неколку метри од неговиот ров. Набргу потоа и новинарот мораше да побегне во заштита.

Настрана од гранатирањето, командантите во длабок бункер ги координираат напорите за повторно преземање на Бахмут. Полковник Олександр Бакулин, командант на 57-та бригада, вели дека Русите сега се во неволја. Тој не го потценува непријателот, но вели дека редовните руски трупи со кои сега се соочува не се како платениците на Евгениј Пригожин.

Вагнер, тврди тој, „беше непријатен непријател…“.

„Ако вложиме малку труд, Бахмут би можел да биде опколен“, вели полковникот Бакулин.

Тој, исто така, вели дека неговите загуби во офанзивата се помали отколку кога неговата единица била статична, бранејќи го градот. Придвижувањето напред, иако бавно, исто така го зајакна моралот, така што „полесни се загубите за поднесување“. За прв пат на источниот фронт, бројот на украинските сили одговара на бројот на руски војници – околу 160.000. Сепак, руската артилерија ја надминува украинската.

Дали динамиката може да се промени со пристигнувањето на касетна муниција од САД, оружје забрането во повеќе од сто земји? Полковникот Бакулин вели дека оваа муниција е потребна за да се „нанесе максимална штета на непријателската пешадија“. Сепак, тој признава дека тоа е контроверзно оружје: „Да не го користат Русите, можеби нашата совест немаше да ни дозволи да го направиме тоа“.

Генералот Сирски потврди дека американската касетна муниција пристигнала во Украина и ќе биде подготвена за употреба за неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

„Хејли“: НАТО нема магично решение за победа…

Северноатлантската алијанса може отворено да влезе во…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Сијарто: Крај на војната во Украина и…

Конфликтот во Украина мора брзо да се…

„Дедо“ од Украина предводи единица која бесплатно…

Мобилната артилериска единица на Олександр Таран официјално…